Достапни линкови

logo-print

Најмалку пет мигранти загинале во Егејско Море


Екипи на грчката и турската крајбрежна стража денеска открија тела на петмина имигранти, откако два чамци, во кои патувале бегалци, се превртеле во два одделни инциденти во близина на грчки остров и во близина на турското крајбрежје. Грчката крајбрежна стража откри тела на две лица, спаси шестмина и трага по уште петмина имигранти, исчезнати во близина на островот Лесбос. Гумениот чамец со кој патувале имигрантите од Турција за Грција се превртел изутринава во близина на грчкиот остров Лесбос. Агенцијата Анадолија јави дека турската крајбрежна стража открила три тела и спасила 73. сириски бегалци, откако рибарски брод, со кој патувале до островот Лесбос, се превртел во близина на турскиот град Чанаккале. Грчката крајбрежна стража, претходно соопшти, дека спасила 877 лица во 30 операции за помош на имигранти од петокот до денеска крај бреговите на островите Лесбос, Хиос, Самос и Кос.

XS
SM
MD
LG