Достапни линкови

logo-print

Заев очекува до 15 септември да се избере специјален обвинител


Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува дека најдоцна до 15-ти септември ќе се избере специјален обвинител. Тој изјави дека е убеден дека роковите ќе се испочитуваат: „Законското решение веќе се разгледува меѓу сите партии кои учествуваат во работните групи, а тука е и меѓународната заедница. очекувам веќе до 1-ви септември да помине на Работна група за да може веднаш да влезе во Парламентот, да се изгласа законот, а до 15-ти најдоцна да се избере името на специјалниот обвинител, рече Заев. Заради тоа, како што рече, опозицијата и граѓаните негуваат голема надеж дека согласно одлуките за специјалниот обвинител и вистинската личност која треба да се избере ќе се превземат и првите чекори за враќање во нормала на судството.

XS
SM
MD
LG