Достапни линкови

logo-print

Сигнали за подобрување на односите меѓу Русија и САД


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД испраќаат сигнали за почеток на поправање на односите со Москва. Односите меѓу Русија и Западот се на ниско ниво, како во Студената војна, поради руската анексија на Крим и нејзиното мешање во конфликтот во источна Украина. Лавров рече дека Русија е отворена за дијалог. „Ако добиеме предлог за почеток, дури и за постепено враќање на механизмите за дијалог и соработка, кои беа замрзнати од нашите американски партенри, сигурен сум дека ќе се договориме да ги вратиме овие канали“, рече Лавров, додавејќи дека веќе добиваат такви сигнали од Американците, иако засега не многу јасни.

XS
SM
MD
LG