Достапни линкови

Акредитации за новинарите за седниците на кумановскиот совет


Архивска фотографија: Седница на совет на Општина Куманово.

Архивска фотографија: Седница на совет на Општина Куманово.

Поради зголемениот број медиуми и новинари, Советот на Општина Куманово ќе издава акредитации за новинарите што сакаат да ги следат седниците на Советот.

Со акредитација на кумановските новинари кои ги следат седниците на општинскиот Совет во салата ќе им се подобрат услови за работа, смета Максим Димитриевски, претседател на Советот. Овој проблем настана последната година кога се зголеми број на медиуми, со тоа и на новинари, на кои, пак, им се „залепија“ и самонаречени новинари чиј медиум за самопромоција се социјалните мрежи на кои пишувањето по ниту еден основ не коинцидира со новинарството.

И на тој начин, зависно од капацитетот на сместувањето, да определиме број на присутни претставници на медиумите кои ќе ја следат работата на Советот. Тоа е суштинско прашање што ја обезбедува транспарентноста на работата на Советот.

За жал, дел од партиските активисти, политичари и функционери, не прават разлика и не им е познато што значи одговорноста и тежината на новинарската професија.

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека за подобри услови за следење на седниците треба да се обезбеди акредитација на медиумите.

Оној што пишува на Фејсбук, според мене, не е новинар, се знае што се медиуми, бидејќи таму пишуваме сите. Во моментот кај нас состојбата е таква што кај нас новинари се претставуваат и многумина што реално и не се тоа. Понекогаш ми пречи тоа кога новинарите кои според мене треба да го пренесуваат настанот, а многу пати тие се обидуваат да бидат дел од настанот и да го креираат настанот, а уште помалку на Фејсбук.

„И на тој начин, зависно од капацитетот на сместувањето, да определиме број на присутни претставници на медиумите кои ќе ја следат работата на Советот. Тоа е суштинско прашање што ја обезбедува транспарентноста на работата на Советот. Согласно капацитетот на салата и просторот, не може секој што има желба да биде присутен и не може да се натпреварува кој попрво ќе дојде и која позиција ќе ја заземе во салата. Затоа таму доаѓаат и новинари кои имаат свои позиции во одредени медиуми, а има и луѓе кои не се новинари, ниту по професија, ниту по едукација, имаат портали кои ги има енормен број во моментот и главната тема на интернет препукување, Фејсбук, социјалните мрежи, коментари се токму од таквите натуршчик новинари, кои не се новинари, кои без аналитичко-истражувачко новинарство даваат коментари, видувања, субјективни на определени позиции и создаваат една конфузија во креирање на јавното мислење“, вели тој.

Дамјановски смета дека е жално што во општеството не се регулирани односите во креирањето на јавното мислење. Според него, ова што го имаме во секојдневието во медиумите, пред сè на социјалните мрежи, е нешто што директно влегува во интимата на човекот.

„Во личноста и целосно го дерогира, односно ја еродира интимноста и приватноста на индивидуата, без оглед дали е политичар или обичен човек. Таков пристап на информирање на јавноста, со такви профилирани персони, не можам да ги кажам новинари, нè доведоа нас, општеството и воопшто јавното мнение во една голема заблуда“, вели тој.

Дамјановски вели дека задача на новинарите е почитување на новинарски правила, а приоритетот во работата е да биде Кодексот на новинарите.

„А не, според моите субјективни видувања, дали некој пишува добро за мене, а лошо за противникот, дали некој креира некакво мислење во јавноста“, вели Дамјановски.

Според него, заложбата на Секторот за поддршка на Советот е да се избалансираат ставовите во однос на акредитацијата на медиумите. За средбата на новинарите со претседателот на Советот за надминување на техничкиот проблем на седниците, Дамјановски вели дека не бил повикан, но бил информиран.

„Повикани се претставници на медиумски куќи, а и некои граѓани кои имаат свои Фејсбук страници и даваат свои коментари“, вели тој.

Драган Петковски, координатор на советничката група на локалната опозиција „За подобра Македонија“, вели дека новинарите треба да имаат соодветни услови за следење на работата на Советот, за претставување реална слика на граѓаните, а нивната коалиција се залага и за директно пренесување на седниците. Според него, новинарите работат во медиумите и по вокација се тоа.

„Оној што пишува на Фејсбук, според мене, не е новинар, се знае што се медиуми, бидејќи таму пишуваме сите. Во моментот кај нас состојбата е таква што кај нас новинари се претставуваат и многумина што реално и не се тоа. Понекогаш ми пречи тоа кога новинарите кои според мене треба да го пренесуваат настанот, а многу пати тие се обидуваат да бидат дел од настанот и да го креираат настанот, а уште помалку на Фејсбук“, вели Петковски.

Преземање мерки за обезбедување минимални услови за работа на новинарите на седниците на Советот уследи по неколку реакции на новинарите.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG