Достапни линкови

Од полноќ поевтинуваат бензините


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари од литар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер 95 ќе биде 64 денари за литар, а Еуросупер 98 ќе изнесува 66 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава по 49 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 37,50. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,527 денари за килограм и ќе изнесува 20,760 денари. Намалувањето на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

XS
SM
MD
LG