Достапни линкови

Порошенко вети зголемување на украинските трупи


Илјадници воени лица маршираа во центарот на Киев, одбележувајќи го денот на независноста на Украина. Претседателот Петро Порошенко, зборувајќи денска на парадата рече дека Украина ќе продолжи да го зголемува бдојот на трупите со цел да се одбранат од нападите на сепаратистите во источна Украина, поддржани од Русија.

Од почетокот на конфликтот во април минатата година, загинаа повеќе од 6800 лица. Договорот за прекин на огнот потпишан во Минск редовно е прекршуван, со зголемено насилство забележано минатата недела во источна Украина. Порошенко рече дека 50 илјади руски војници биле распоредени на украинско-руската граница и уште 9000 ги поддржувале проруските бунтовници во сепаратистичките територии.

Тој додаде дека нови воени конвои биле забележани како ја минуваат украинската граница. Киев и западните влади, кои воведоа санкции против Русија, велат дека постојат докази за руската вклученост во отпорот на сепаратистите. Москва ги негира таквите тврдења.

XS
SM
MD
LG