Достапни линкови

Во експлозија загинале двајца турски војници


Илустрација.

Илустрација.

Двајца турски војници загинале, а тројца биле ранети денеска, откако возилото во кое се наоѓале налетало на мина. Експлозијата се случила во близина на градот Шемдинли во југоисточниот округ Хакари, кој се граничи со Ирак и е населен претежно од Курди. Од крајот на јули турската армија организирала над 400 воздушни напади против цели на Курдската работничка партија во северен Ирак каде се базирани нејзините вооружени групи, како и во југоисточните региони на Турција, како одговор на нападите на ПКК против припадници на турските сили за безбедност.

XS
SM
MD
LG