Достапни линкови

Странците нема да дозволат пробивање на роковите за избори


Намерата да се избегнат забелешките од Прибе е нереална и колку и македонските партии да ги одолговлекуваат роковите, тие нема да се пробијат, велат аналитичарите.

Нема приближување во ставовите на работната група што треба да ги договори деталите за организирање избори во април, но експертите сметаат дека намерата да се избегнат забелешките од Прибе е нереална и дека колку и да се одолговлекуваат роковите тие нема да се пробијат.

Целта е да се даваат се повеќе предлози, да се губи се повеќе време и на крај да се дојде до моментот кога треба да се распишат избори и целиот проблем да не биде решен за да може ВМРО-ДПМНЕ пак да ги добие изборите.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека одолговлекувањето со предлозите што деновиве се даваат се повеќе и повеќе го покажува вистинското лице на четирите партии кои седнале на разговори, особено на ВМРО- ДПМНЕ, од каде како што посочува таа се сака процесите да се насочат во нивна полза.

„Целта е да се даваат се повеќе предлози, да се губи се повеќе време и на крај да се дојде до моментот кога треба да се распишат избори и целиот проблем да не биде решен за да може ВМРО-ДПМНЕ пак да ги добие изборите“, вели аналитичарот Соња Стојадиновиќ.

Тие се рокови кои не може да пробијат зошто извештајот на Прибе укажува на одредени аномалии во изборниот процес. Така да моделот кој ќе се избере за да се избегнат тие аномалии е дел на преговорите, а не целосно менување на пристапот или враќање на стари модели како што е мнозинскиот модел.

Алберт Муслиу вели дека меѓународната заедница нема да дозволи игнорирање на нотираните забелешки во извештајот на Прибе во кои се укажува на неправилности во изборните процеси. Тој нагласува дека суштинските активностите во наредниот период ќе бидат насочени околу јавниот обвинител, измените во владата и оставката на премиерот и дека рокот од 15 септември за избор на специјалниот обвинител, 15 октомври за измени во владата и 15 јануари за оставка на премиерот не може да се пробијат.

„Тие се рокови кои не може да пробијат зошто извештајот на Прибе укажува на одредени аномалии во изборниот процес. Така да моделот кој ќе се избере за да се избегнат тие аномалии е дел на преговорите, а не целосно менување на пристапот или враќање на стари модели како што е мнозинскиот модел“, вели тој.

Деновиве ВМРО-ДПМНЕ предложи бонус од 17 пратеници за партијата што ќе победи на изборите, но тоа не беше прифатливо за СДСМ и помалите партии. СДСМ пак предлага Македонија да биде една избирачка единица, а ВМРО-ДПМНЕ чист мнозински систем.

Според Муслиу, предлозите што деновиве се даваат се повеќе дел од стратегијата на партиите. Тој вели дека меѓународната заедница нема да дозволи да преовладаат партиски интереси, туку да се донесат суштински заклучоци.

„Верувам дека нашите меѓународни партнери нема да дозволат целата приказна да биде преземена од пи-ар експертите на политичките партии, туку тие суштински ќе треба да седнат и да дојдата до заклучок кој во секој случај освен персоналните решенија или работата на специјалниот обвинител, другите делови полесно може да се реализираат“, вели Алберт Муслиу.

Според него, во наредниот период треба да има решение за изборниот законик, а едно од попроблематичните работи за кои треба да се договори работната група е гласањето на дијаспората и како ќе се обезбеди еднаквост на гласовите и дали тоа ќе се изврши со една изборна единица.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG