Достапни линкови

Ваши коментари - Сочувство, но и ситење на маката на мигрантите


Гевгелија- Мигрантите брзо кон Табановце
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Гевгелија- Мигрантите брзо кон Табановце

Веројатно нема човек во земјава кој не се шокира од сликите и видео-материјалите на илјадниците мажи, жени и деца зад бодликавата жица поставена од страна на македонската полиција. Но има и такви кои како да се ситат на туѓата несреќа.

Македонија преживеа три-четири дена вистинска драма со несреќата на луѓето кои бегајќи од воените разорувања се најдоа заглавени во меѓуграничниот грчко-македонски појас. Ситуација ни ваму ни таму, поради кризната состојба што ја прогласи Владата и затворањето на границата.

Сè се решава, само кога се сака или под притисок на големите сили.
Коментар на читател.

Веројатно нема човек во земјава кој не се шокира од сликите и видео-материјалите на илјадниците мажи, жени и деца зад бодликавата жица поставена од страна на македонската полиција. Но има и такви кои како да се ситат на туѓата несреќа. И сево ова како впечаток од коментарите, најмногу на Фејсбук страницата на РСЕ.

Владо Караев и Живко Чавдаров постирале: „Требаше да се случи криза за да се реши ситуацијата“ и „Сè се решава, само кога се сака или под притисок на големите сили“. Многумина од фановите реагираат на ѓубрето што остана по несреќниците: „Уште купиштава ѓубре да си го собереа“, напишал Бобан Неделковски, очигледно чувствителен на хигиената. А Мајдин Селим коментира прашувајќи дали во Македонија има канти за ѓубре и тоа го илустрирал со фотографија од некоја чешма кај Битола која по сметот нималку не се разликува од сликите на железничката станица во Гевгелија. Катерина Маркова од жал не ги гледала снимките и прашува што се случува со овој суров свет, а Зоран Пери Ристовски постирал: „Леле мајко што мака имаат, мали деца како изгубени се... страшно“.

Но Мишо Поповски прашува „зошто овој свет не тргне спрема Саудиска Арабија, Катар, Бахреин, сè супербогати земји, кои им се блиски по вера и по етничко потекло“. Даим Ислами реагира на постот на Мишо Поповски: „Мишо, не ти го сакам ова тебе да ти се случи, па да видиш како ќе ти биде. Ова е чиста мизерија што им се случува на луѓето, многу жално... “ Бобан Станокојвиќ знае дека покрај Унгарија и Хрватска градела ѕид и прашува „кај ќе останат уште оние 4 милиони што треба да дојдат“.

Инаку, на 29-мина фанови на нашата Фејсбук страница им се бендисува најновото интервју со Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија и пратеник на Социјалистичката партија. Тој, покрај другото, вели дека сите досегашни влади во Македонија, со некои исклучоци, не мислат долгорочно туку гледаат како да ги купат гласовите, „ги задолжуваме идните генерации, младите, за да го задоволиме привремено пензионерот да гласа за нас... “

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG