Достапни линкови

Меркел и Оланд за миграциската криза во ЕУ


Францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел на денешниот состанок во Берлин ќе се обидат да ги заживеат француско германските активности во Европската унија која е соочена со кризата со мигрантите, соопшти Елисејската палата. Притоа се додава дека мерките усвоени кон крајот на јуни не биле доволни и брзи за надминување на проблемот. Претходно германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер оценија дека политиката спрема бегалците треба да биде единствена во Европската унија со цел тие правилно да бидат распоредени низ земјите членки на Унијата. Меркел и Оланд исто така ќе се сретнат со украинскиот претседател Петро Порошенко со кој ќе разговараат за повторното влошување на ситуацијата во источна Украина.

XS
SM
MD
LG