Достапни линкови

Фабиус: ситуацијата во Македонија бара брза реакција


Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус

Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус

Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјави дека мигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одлагање. Тој вчера во Прага рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на членките на Европската унија најверојатно ќе разговараат за мигрантите кои во голем број пристигнуваат во Македонија. Според Фабиус, тоа не е проблем само на Македонија. Околу 45 илјади мигранти кои бегаат од со конфликти зафатените земји во Азија и Африка минале преку Македонија во изминативе два месеца на нивниот пат кон Европската унија.

XS
SM
MD
LG