Достапни линкови

Експлозија во воен објект на САД во Јапонија


Во синоќешната експлозија во американски воен објект во близина на Токио немало жртви, соопшти Пентагон. Се прецизира дека бил предизвикан пожар кој сепак не се проширил на блиските згради. Причината за експлозијата останува непозната. Зградата каде што се случила експлозијата, според Пентагон, не била стовариште за опасни материјали. Соединетите држави имаат во Јапонија неколку воени бази со 47 илјади војници.

XS
SM
MD
LG