Достапни линкови

logo-print

Илјадници мигранти преку Македонија на пат до ЕУ


Илјадници мигранти преминале од Грција во Македонија откако македонските безбедносните сили веќе не ги попречуваат нивните обиди преку Балканот да стигнат до западна Европа. Специјалните полициски сили, по хаосот и конфронтациите со мигрантите, главно од Сирија, се уште се на македонско грчката граница, но веќе не ги спречуваат да влезат во земјата. Македонија прогласи кризна состојба на 19 август и ги затвори јужната и северната граница за мигрантите откако нивниот број се зголеми на 2 илјади дневно. УНХЦР соопшти дека биле добиени гаранции од македонските власти оти границата ќе остане отворена за мигрантите. Но, оваа организација побара од Македонија да го зацврсти присуството и капацитетите на границата со цел подобро да биде организирано прифаќањето на луѓето.

XS
SM
MD
LG