Достапни линкови

Хамонд-Британија сака соработка со иранската централна банка


Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд изјави денеска дека неговата земја сака да соработува со иранската централна банка. Според него, тоа е со цел да им се олесни на банките од Британија да ја финансираат трговијата и да инвестираат во Иран по затоплувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

. Хамонд ја даде изјавата за време на посетата на Техеран. Тој порача и дека има голем интерес кај дел од британските трговски и индустриски претпријатија да се вклучат во Иран доколку бидат подигнати санкциите врз земјата врз основа на нуклеарен договор кој беше постигнат меѓу земјата и шесте светски сили.

XS
SM
MD
LG