Достапни линкови

logo-print

Испразнет од мигранти дивиот премин кај Гевгелија


На дивиот премин на македонско-грчката граница денеска се пропуштија и последните стотина мигранти кои чекаа да влезат во земјава. Во меѓувреме во близина на границата се поставуваат шатори каде ќе може во иднина мигрантите да се регистрираат. На местото на поставување на пунктотприсутене и министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој изјави дека Македонија ќе има хуман пристап кон проблемот и оти се во координација со грчката страна за справување со напливот на мигранти. Според него, се решиле на таков чекор бидејќи стратегијата за првично пропуштање на поранливите категории на македонска територија не наишла на одобрување кај мигрантите.

XS
SM
MD
LG