Достапни линкови

logo-print

Во МНР состанок на амбасадорите во Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во Министерството за надворешни работи утре и задутре ќе се одржи работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. На покана на домаќинот, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, како почесни гости ќе учествуваат неговите колеги од Бугарија и од Албанија,Даниел Митов и Дитмир Бушати. Според соопштението на МНР, на состанокот ќе стане збор за актуелните надворешни политички прашања во рамките на ЕУ и НАТО, процесот на европската и евро-атланска интеграција на Балканот и за перспективите на регионалната соработка.

Свое обраќање ќе имаат и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељановски, како и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владмир Пешевски.

XS
SM
MD
LG