Достапни линкови

Ослободени политички затвореници во Белорусија


Поранешниот кандидат за претседател на Белорусија, Микалаи Статкевич.

Поранешниот кандидат за претседател на Белорусија, Микалаи Статкевич.

Поранешниот кандидат за претседател на Белорусија, Микалаи Статкевич пристигна во Минск откако беше ослободен од затвор каде помина повеќе од пет години. Статкевич на железничката станица беше пречекан од роднини, пријатели, опозициски лидери и нивни поддржувачи.

Тој беше помилуван од претседателот Александар Лукашенко заедно со уште пет лица, кои според организациите за човекови права беа окарактеризирани како политички затвореници. Според соопштението, Лукашенко решил да ги помилува затворениците врз основа на принципот на хуманизам.

XS
SM
MD
LG