Достапни линкови

Мигрантите ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон


Голема група на мигранти во неколку наврати денеска ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон кои ги спречуваа да влезат на македонска територија на дивиот премин на македонско-грчката граница. Мигрантите потоа избегаа кон околните полиња и се упатија кон железничката станица во Гевгелија. Тие масовно влегоа на македонска територија каде имаше помал број на безбедносните сили, кои беа немоѓни под налетот. Полицијата употреби и шок бомби за да го спречи нивното движење, а некои од мигрантите колабираа. Претходно полицијата соопшти дека мигрантите се пропушаат согласно капацитетите на државата со предност на поранливите категории.

XS
SM
MD
LG