Достапни линкови

Убиен вториот човек на Исламската држава


Американските власти соопштија дека вториот човек на Исламската држава бил убиен во воздушен напад на почетокот на неделата. Портпаролот на Националниот совет за безбедност, Нед Прајс изјави дека Фадхил Ахмад ал Хајали патувал во возило во близина на ирачкиот град Мосул кога загинал во нападот. Тој во Исламската држава бил задолжен за координација и преместување на големи количини на оружје, експлозиви, возила и луѓе меѓу Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG