Достапни линкови

Американски војници спречиле напад на воз во Белгија


Двајца американски маринци совладале вооружен напаѓач на воз кој патувал од Амстердам за Париз, при што биле повредени три лица, соопштија француските власти. Осомничениот, кој е 26 годишен Мароканец бил притворен од француската полиција. Белгискиот премиер Чарлс Мичел изјави дека инцидентот кој се случи вчера додека возот поминувал низ неговата земја е терористички акт. Повеќе од 500 луѓе патувале во возот, а еден од војниците бил хоспитализиран со тешки повреди. Американскиот претседател Барак Обама ги нарече војниците херои и тие според него, спречиле поголема трагедија.

XS
SM
MD
LG