Достапни линкови

Се пропуштаат мигранти на границата со Гевгелија


Полицијата и војската е распоредена и го обезбедува пограничниот регион во Гевгелија каде има наплив на мигранти. Според информациите од полицијата состојбата е тензична, но нема проблеми. Мигрантите се пропушаат согласно капацитетите на државата со предност на поранливите категории, а во последните 24 часа, односно од осум часот вчера до осум часот утрово издадени се потврди на 826 странски државјани меѓу кои 163 деца и на 25 деца кои што патувале без родител.

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов изјави дека бројот на превозните средства за транспорт на бегалците кон северната граница е зголемен. Според него, процесот за регистрација на бегалците се забрзува, а со зголемениот надзор над границата и контролираното пропуштање на бегалците во земјата целиот простор на железничката и автобуката станица повторно е функционален. Франгов изјавата ја даде по синоќешниот координативен состанок со претставниците на УНХЦР, Меѓународниот црвен крст и повеќе невладини организации и здруженија кои се вклучени во активностите за справување со бегалската криза на јужната граница.

XS
SM
MD
LG