Достапни линкови

logo-print

Фич-Кредитниот рејтинг на Македонија ББ+


Кредитната агенција Фич го потврди ББ+ кредитниот рејтинг на Македонија. Како база за оценката Фич ги зема растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава. Фич ја оценува бизнис климата во Македонија како поволна и наведува дека земјава е помеѓу најдобрите 30 економии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис. Фич во својот извештај го нотира и намалувањето на невработеноста за 10 отсто, односно од 37 отсто во 2005 година на сегашните 27 отсто. Банкарскиот сектор во Македонија кредитната агенција го опишува како добро капитализиран и високо ликвиден, вклучително и двете банки кои се во грчка сопственост. Како ризик Фич ја посочуваат домашната политичка ситуација.

XS
SM
MD
LG