Достапни линкови

Под контрола ситуацијата со мигрантите во Гевгелија


Група мигранти на железничката станица во Гевгелија.

Група мигранти на железничката станица во Гевгелија.

Состојбата на границата со Грција е под контрола, а од полицијата информираат дека се пропуштаат одреден број мигранти согласно капацитетите на државата. Предност според полицијата, имаат поранливите категории. На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти.

Претставници на УНХЦ информираат дека синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група мигранти. Воз со околу 300 мигранти утринава во 5 и 15 часот заминал од Гевгелија за Табановце, информираат од Железничката станица во Гевгелија. Оттаму посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти.

XS
SM
MD
LG