Достапни линкови

Пет воза со мигранти заминале кон Табановце


Три редовни и два вонредни воза со мигранти вчера се упатиле од железничката станица во Гевгелија кон Табановце. Полицијата, според очевидци, контролирано, во неколку наврати пуштала по 200-300 мигранти кои од дивиот премин на македонско-грчката граница се упатувале кон железничката станица во Гевгелија. Припадници на АРМ синоќа поставувале и дополнителна заштитна ограда. Мигрантите на неколкупати се обидоле да ја преминат граничната линија, но биле спречени од полицискиот безбедносен кордон. На мигрантите им било посочено дека изутринава ќе бидат пропуштени.

Високиот комесаријат за бегалци изрази подготвеност да обезбеди помош на владите на Македонија и на Грција за справување со ситуацијата со мигрантите. Високиот комесар за бегалци Антонио Гутиерес за ситуацијата телефонски разговарал со министерот за надворешни работи Никола Попоски од кого добил уверување дека границата нема да биде затворена во иднина. УНХЦР соопшти дека има разбирање за притисокот со кој се соочува Македонија и за легитимната загриженост за безбедноста на државата. Од УНХЦР апелираат до Владата да воспостави механизми со цел да се воведе организирано управување со границите кое ќе ја земе предвид заштитата на бегалците.

XS
SM
MD
LG