Достапни линкови

logo-print

Последни обиди на груевистичката пропаганда


Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Во обид да заборавиме на уникатниот Мерцедес каков што не вози ни Доналд Трамп, на ултра ексклузивните Мајбах наочари што и Холивуд може да ги сонува и на аристократските плацеви на Водно, оние сокриени позади шестметарскиот ѕид на Миле, лицето Груевски Никола се шета со обични, подизбледени маички и смешни патики низ државата. Можете да замислите како би звучела снимката од разговор во кој се договара сето ова, пишува претседателот на подмладокот на СДСМ, Стефан Богоев, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Осум месеци до официјалниот пад на режимот! Тик-так, тик-так, часовникот отчукува, а со секое отчукување лицето Груевски Никола, премиер во заминување е сè поуплашен и сè поочаен. Човекот од страв почна да побелува во косата, па во последни обиди се слика низ државава како „посветен“ на граѓаните и се труди да се заборави сè што излезе на виделина. Свечено отвора чешми, пополнети дупки, прозорци, радијатори, а деновиве, како што велат полтронските медиуми, цитирам, „ја посети канализационата мрежа“. Па на толку направен измет од него, логично е да провери да не ја затнал канализацијата.

Да отвораш чешма и канализација во 21-ви век, во 2015-та година, а притоа си 10-та година по ред на власт, воопшто не е за фалење. Напротив, тоа е доказ дека си ја вратил државата десетици години назад, баш во времето кога чешма и канализација биле вистински луксуз.

Велат давеникот се фаќа за сламка, но нашиов давеник секогаш се фаќа за пропаганда. Но, да почнеме со ред и да не дозволиме ова да му помине!

Да отвораш чешма и канализација во 21-ви век, во 2015-та година, а притоа си 10-та година по ред на власт, воопшто не е за фалење. Напротив, тоа е доказ дека си ја вратил државата десетици години назад, баш во времето кога чешма и канализација биле вистински луксуз. Зарем да очекуваме работни места и пристоен живот кога притоа е привилегија да имаш тоалет и да имаш вода за пиење!?

Шетањето низ основно училиште и воодушевувањето на прозорци и радијатори, да да добро прочитавте, најобични прозори и радијатори, е класичен знак на очај и безидејност. Прво, се подразбира дека мора да има прозори и радијатори во училиште каде што учат малолетни деца, впрочем нормално е да ги има во секој затворен простор и второ, доколку се нови и квалитетни, тоа е секако задача и обврска на градоначалникот, па дури би рекол и на директорот и домарот во училиштето, а најмалку на премиерот. Притоа, сите се платени и тоа дебело платени за да го работат тоа што треба да го работат. Во овој случај, сетете се само на ветувањата за нови училишта од кои останаа само нови прозорци. Уште побитно, училиштето е во источна Македонија, регион со рекорден број на иселени млади и со екстремно ниска стапка на наталитет. За кого ли се прозорците и радијаторите!? Не пали, не поминува повеќе!

Во обид да заборавиме на уникатниот Мерцедес каков што не вози ни Доналд Трамп, на ултра ексклузивните Мајбах наочари што и Холивуд може да ги сонува и на аристократските плацеви на Водно, оние сокриени позади шестметарскиот ѕид на Миле, лицето Груевски Никола се шета со обични, подизбледени маички и смешни патики низ државата. Можете да замислите како би звучела снимката од разговор во кој се договара сето ова. Бедно и иронично.

Посетата на настраданите во Речица и Шипковица и вртење на истото видео на сите можни вести и дневници во груевистичките медиуми е една од најстарите алатки на режимската пропаганда. Тоа е начин да покажат дека владата ќе направи сè за да ги заштити граѓаните од такви несреќи, а притоа целосно го занемаруваат фактот дека тие требало ова да го спречат, наместо сега да го лечат. Шумата не била зачувана за што е задолжена Македонски шуми, а и коритото на реката не било исчистено. Сè ова се задолженија на властите кои не се обавени и резултираше со губење на човечки животи и огромна материјална штета. Одговорност никој не понесува! И сега сите треба да сме импресионирани и да ви симнеме капа затоа што направивте два реда муабет со оштетените!? Преслушајте ги уште еднаш снимките на кои Ставрески вели дека немаат за леб, а трошат на чоколада или снимката во која Јанкулоска и Протуѓер заговараат војна за да ги „сотрат“ Албанците за кои сега наводно се многу загрижени. Не пали, не поминува повеќе!

Но, доаѓаме и до најинтересниот дел од бедната режимска пропаганда. Во обид да заборавиме на уникатниот Мерцедес каков што не вози ни Доналд Трамп, на ултра ексклузивните Мајбах наочари што и Холивуд може да ги сонува и на аристократските плацеви на Водно, оние сокриени позади шестметарскиот ѕид на Миле, лицето Груевски Никола се шета со обични, подизбледени маички и смешни патики низ државата. Можете да замислите како би звучела снимката од разговор во кој се договара сето ова. Бедно и иронично. Но, честопати знае да помине кај некои од граѓаните и да си речат: „Па добро имаме слична маица и тој е како нас“. Не, не е како нас! Зема милионски провизии од автопати, носи ултра скапа гардероба и се вози во автомобил што чини колку десет стана во центар на Скопје! Потсетете се на сите снимки. Не пали, не поминува повеќе!

Примери има безброј, но она што сега е битно е да останеме сите имуни на последниот режимски обид за манипулација. Вистината за Македонија излезе на виделина и ни е достапна на сите нас. Секогаш кога го гледате Груевски како се фали со наводни проекти и дела помислете што всушност се случува во позадина што сака да го прикрие. Да го земеме за пример сегашниот случај: Го користи се ова гореспоменатото за да го сокрие договорот особено делот за негово повлекување од премиерска позиција и новиот специјален обвинител како и да се испере од скандалот со скапите наочари и трагедијата во тетовско. И ова ќе продолжи и не само што ќе продолжи туку и ќе добие на интензитет. Ќе продолжи се да се шминка и да се прави привид на нормалност.

Наше е сето ова да го препознаеме и да не дозволиме да бидеме изманипулирани. Издржавме досега, ќе издржиме уште малку! На другата страна има сериозна и кадровска и политичка понуда, но најбитно од сè, опозицијата е отворена за секакви предлози, критики и сугестии од граѓаните. Подобри времиња доаѓаат, пенкалото и здравиот разум ќе бидат нашето оружје!

XS
SM
MD
LG