Достапни линкови

Заеднички воени вежби на Русија и Кина


Русија и Кина започнаа заеднички воздушни и поморски воени вежби, во Јапонското Море. Руската војска денеска соопшти дека вежбите ќе траат до 28 август и дека во нив се вклучени 22 бродови, повеќе од 20 авиони и повеќе од 500 луѓе воен персонал од двете земји. Вежбите се одвиваат во заливот Петар Велики, кој се наоѓа на далечниот исток на Русија во стратегиски важното пристаниште во градот Владивосток. Вежбите особено го алармираа Јапан, кој моментално е во спор со Кина заради група на ненаселени острови во Кинеското Море. Аналитичарите велат дека Москва сака да ги зајакне односите со Кина, во момент на влошени односи со Западот поради руската акција во источна Украина.

XS
SM
MD
LG