Достапни линкови

Амнести Интернешнал: Бегалците се соочуваат со ризик од насилство


Амнести Интернешанал соопшти дека примиле екстремно загрижувачки извештаи дека анти-терористичката полициска единица распоредена на македоската граница тепала бегалци и дека дури и пукала во воздух за да спречи да влезат во Македонија.

Во соопштението се вели дека ситуацијата брзо се влошила кога македонската влада двете гранични области ги прогласила за „кризни региони“, затворајќи ја јужната граница со Грција, во непосредна близина на градот Гевгелија и ја повикала војската на помош.

„Илјадници бегалци и баратели на азил главно од Сирија, Авганистан и Ирак се заглавени и се соочуваат со сериозен ризик од насилство, откако македонските власти на 20 август ја запечатија јужната граница, креирајќи нова кризна зона меѓу глобалната бегалска криза, се вели во соопштението на Амести Интернешнал.

XS
SM
MD
LG