Достапни линкови

СДСМ реагира на ребалансот на Буџетот


СДСМ денеска на прес-конференција реагираше на усвојувањето на ребалансот на Буџетот, без присуство на опозицијата во Собранието. Пратеникот Марјанчо Николов рече дека е изгласан најголемиот буџет во историјата на Република Македонија од 3,065 милијарди евра и оти продолжува натамошното економското исцрпување на граѓаните и стопанството. „Владата се брзаше да го протне ребалансот на Буџетот обидувајќи се на тој начин да го избегне спротивставувањето на ставовите со опозицијата за погрешните економски политики и расипничкото трошење на парите на граѓаните, рече меѓу другото Николов.

XS
SM
MD
LG