Достапни линкови

Апели за помош за мигрантите на јужната граница


Хуманитарните агенции, како што јавува агенцијата Ројтерс, немале пристап во меѓуграничниот простор кеде што се наоѓаат мигрантите меѓу Македонија и Грција, иако претставници на Црвениот крст, на Лекари без граници и на УНХЦР се присутни на двете страни од границата. Меѓународната организација за миграција изрази длабока загриженост за судбината на мигрантите, барајќи воздржаност и итна хуманитарна помош. Претставничката на УНХЦР Мелиса Флеминг изјави дека станува збор за бегалци кои бараат заштита и оти не треба да бидат спречени во тоа. Флеминг побара од Европа да најде решение, наведувајќи дека Македонија и Србија не можат да бидат оставени сами со толкав број бегалци.

XS
SM
MD
LG