Достапни линкови

logo-print

Започнува светското првенство во атлетика во Пекинг 2015


Светското првенство во атлетика започнува вечерва, нешто по полноќ по средноевропско време, во Пекинг, Кина. Организаторот во соработка со ИААФ одреди рекордни парични награди за најуспешните. Вкупниот фонд на награди изнесува 7,2 милиони долари со тоа што новите светски прваци во секоја дисциплина ќе заработуваат по 60 илјади долари, освојувачите на сребрени медали по 30, а бронзените по 20 илјади. Парични награди ќе добијат и сите што ќе се пласираат до осмото место. Во екипните дисциплини, златен медал ќе се наградува со 80 илјади долари, а секој светски рекордер ќе добие плус 100 илјади долари. Светската атлетска федерација парично ги наградува најуспешните од Мундијалот во 1997 година.

XS
SM
MD
LG