Достапни линкови

Милијарда долари заем за Казахстан од АДБ


Азиската банка за развој (АДБ) обезбеди заем од милијарда долари за енергетски богатиот Казахстан, откако неговата валута тенги, загуби скоро една четвртина од вредноста во однос на доларот и предизвика паника во регионот. АДБ ја објави одлуката еден ден откако казахстанската валута падна за рекордни 23 проценти, додека земјата се обидува да се справи со ниската цена на нафтата. Во моментов на официјалното тргување вредноста на тенгите изнесува 255.47 за еден долар.

XS
SM
MD
LG