Достапни линкови

logo-print

Обвинителството во Баку побара 9 години затвор за Исмаилова


Азербејџанскиот државен обвинител побара девет години казна затвор за истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова. Денешното барање доаѓа еден ден откако случајот за 39-годишната новинарка беше комплетиран нa сослушувањето зад затворени врати во Баку. Неколку новинари и амбасадорите на Франција, Норвешка и Шведска беа спречени да присуствуваат на постапката и чекаа пред зградата на судот. Исмаилова, која е дописник за Радио Слободна Европа и која интензивно известуваше за корупција на функционери во Азербејџан, е обвинета за проневера за пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба. Таа наводно се насмеала кога го слушнала барањето на обвинителот да биде осудена на девет години затвор. Судењето треба да продолжи на 26 август. Исмаилова ги отфрла обвиненијата како политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG