Достапни линкови

Словачка критикувана за мигрантите


Министерството за внатрешни работи на Словачка на 20 август соопшти дека ќе им додели азил на само 200 Сиријци христијани, предизвикувајќи критики од другите членки од Европската унија. Портпаролката на минитсрството Михаела Пауленова, рече дека одлучиле да прифатат само христијани бидејќи имале голем потенцијал да се интегрираат во нивното општество. Таа додаде дека Словачка има малку муслимани и нема џамии. Обединетите Нации и европските преетставници не се согласуваат. „Ги повикуваме земјите да не дискриминираат“, рече Бабар Балоч, портпарол на Агенцијата за бегалци на ОН. Словачка, Чешка, Унгарија и Полска во јуни го блокираа планот на ЕУ за членките да примат одреден број на бегалци кои пристигаат во Италија или Грција.

XS
SM
MD
LG