Достапни линкови

Десетици мигранти чекаат воз во Гевгелија


Од Железничката станица во Гевгелија група мигранти со воз се упатуваат кон Србија. Екипата на РСЕ на железничката станица забележа околу 50 мигранти кои чекаат следен воз за Табановце. Тие велат дека од утринава веќе заминале два воза, а уште два се очекуваат до крајот на денот. Станува збор за мигранти кои во Гевгелија влегле пред одлуката за прогласување кризна состојба и затворање на границите.

За разлика од претходните денови кога железничката станица во Гевгелија беше полна со илјадници мигранти кои се обидуваат да стигнат до Србија, па од таму до ЕУ, вчера и денеска има само по десетици луѓе. Македонија вчера ја затвори границата со Грција каде што има заглавено илјадници мигранти од грчка страна. Железничкиот сообраќај е во прекин оти мигрантите седат на пругата.

XS
SM
MD
LG