Достапни линкови

ЕУ: ја следиме состојбата со мигрантите во Македонија


„Европската комисијата знае за одлуката на владата да прогласи кризна состојба на својата јужна и северна граница. Ние сме во контакт со властите и со високиот комесар на Обединетите нации за бегалци. Во оваа фаза ние го следиме развојот, како и преземените мерки од владата за стабилизирање на состојбата и се обидуваме да ги согледаме фактите“. Ова за Радио Слободна Европа го изјави Катрин Реј, портпарол на еврокомесарот за надворешна политика Федерика Могерини. Таа потсетува дека ЕУ до сега обезбедила хуманитарна помош на Македонија, кога беше погодена со првиот бран на мигранти, но и дека во завршна фаза е пакетот помош наменет за Западен Балкан и Турција во вредност од 8 милиони евра, а кој ќе се спроведува веќе во септември.

XS
SM
MD
LG