Достапни линкови

Британија и Иран повторно ги отвораат амбасадите


Филип Хамонд

Филип Хамонд

Британија и Иран повторно ќе ги отворат нивните амбасади во двете земји, четири години по затворањето кога ирански демонстранти гневни поради западните санкции влегле во британската амбасада во Техеран. Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд кој помогна во преговорите за постигнување на историската нуклеарна спогодба со Иран на 23 овој месец ќе престојува во Техеран на отворањето на амбасадата. Во исто време Иран ќе ја отвори амбасадата во Лондон.

XS
SM
MD
LG