Достапни линкови

Картер: Турција треба да прави повеќе против ИД


Ештон Картер

Ештон Картер

„Неопходно е Турција да прави повеќе во борбата против милитантите на Исламската држава. Тоа особено се однесува на подобрата контрола на нејзината граница со Сирија која вообичаено се користи за преминување на луѓе и опрема за ИД“. Ова го изјави американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, додавајќи дека Турција која се согласила да и се приклучи на меѓународната коалиција против милитантите сега би требало да почне да ги користи нејзините борбени авиони во напади врз позициите на оваа терористичка организација во Сирија.

XS
SM
MD
LG