Достапни линкови

Ципрас му ја предаде оставката на грчкиот претседател


Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа во свое и во име на членовите на неговата влада му ја предаде оставката на претседателот Прокопис Павлопулос и побара од него покренување процедура за свикување предвремени избори. Се очекува изборите најверојатно да бидат на 20 септември, бидејќи законскиот рок за тоа се 30 дена. Тоа ќе бидат втори предвремени избори во Грција во оваа година. Претходно, во телевизиското обраќање Ципрас образложи дека излегувањето на нови избори е бидејќи неговата коалициска влада го исцрпела мандатот со тоа што успеала да издејствува, како што рече, неповолен, но најдобро можен договор со странските кредитори.

XS
SM
MD
LG