Достапни линкови

Европски состанок за мигрантите во октомври


Европски состанок за кризата со мигрантите ќе се одржи кон средината на октомври во Париз со учество на министри за внатрешни и за надворешни работи. Ова во Берлин го изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев. Целта на состанокот, по што ќе следува уште еден во Берлин, ќе биде подготовка на европски самит во Валета на Малта во ноември за соработка со африканските земји, изјави Казнев по состанокот со неговиот германски колега Томас де Мезиер. Тој пак оцени дека е неприфатливо институциите на Европската унија и натаму да работат бавно во спроведувањето на веќе донесените одлуки. „сакаме до крајот на годинава во Грција и Италија да се воспостават кризни центри“, рече министерот Мезиер.

XS
SM
MD
LG