Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Градењето ѕидови нема да ја реши кризата со мигрантите


Ставањето пречки нема да го реши продлабочувањето на кризата во Европа што се однесува на мигрантите и бегалците, но ќе го реши политика базирана на солидарност и почитување на човечките животи, изјави претседателот за хуманитарни прашања на Парламентарното собрание на ОБСЕ и пратеник на португалскиот Парламент, Изабел Сантос.

„Длабоко вознемирувачки е што некои европски влади и пратеници објавуваат содржина за да им го завртат грбот на оние кои ги напуштиле своите домови во потрага по основна безбедност и човечко достоинство. Градење нови ѕидови може да изгледа брзо решение, но не прави ништо да ги лоцира вистинските причини за оваа криза. Европските земји исто така мора да признаат дека трајно решение значи подобро споделување на товарот на легитимните баратели на азил и бегалци“, изјави Сантос.

Таа додава дека во јули имало рекорден број на мигранти кои стигнуваат на границите на Европската унија.

„Како Европејци како можеме да дозволиме оваа хуманитарна трагедија да се случува пред нашите очи? Шокантно е што повеќе од 2000 мигранти оваа година загинаа на Медитеранот. Додека Европа не може да стане одговорна за сето ова предизвикано од војна и страдања низ светот, имаме морална обврска да направиме многу повеќе од она што го правиме во моментов. Мораме да и дадеме приоритет на солидарноста и на фактот дека вистинските човечки животи се во фокусот на нашите политики“, вели Сантос.

Таа исто така ги повика претставниците на владите и нејзините колеги пратеници да се потсетат дека Европа имаше голем бенефит од прифаќањето на мигрантите.

XS
SM
MD
LG