Достапни линкови

Специјален обвинител со гарантирана независност


Работата на специјалниот обвинител треба да биде надвор од актуелниот систем, треба да му се гарантира независност, финасиска самостојност, да си избере сопствен тим, велат упатените.

Новиот обвинител да биде надвор од структурите на сегашното Јавно обвинителство, а да се донесат и законски измени со кои ќе се гарантира неговата независност. Овие две работи се неопходни за тој да може да ја извршува работата без никакви надворешни влијанија, коментираат упатените во пресрет на договарањата на работната група за ова прашање.
Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски нагласува дека е потребно да се обезбеди и финансиска самостојност за да може специјалниот обвинител да го подмири трошоците за постапките што ги води.

Ако ова не се стори, а се вклопи во сегашниот систем на Јавното обвинителство, односно да не се изврши измена на одредбите од Законот за Јавно обвинителство, тогаш ние би можеле да зборуваме дека залудни се сите преземања за да се обезбеди некоја нормална, објективна и непречена постапка што ќе ја води јавниот обвинител.

„Друго што мислам дека е суштествено, треба да му се даде потполна слобода во изборот на сопствениот тим на истражителите и неговите заменици за да може комуникацијата да почнува од него и по негово барање да се извршуваат процедуралните дејствија. Ако ова не се стори, а се вклопи во сегашниот систем на Јавното обвинителство, односно да не се изврши измена на одредбите од Законот за Јавно обвинителство, тогаш ние би можеле да зборуваме дека залудни се сите преземања за да се обезбеди некоја нормална, објективна и непречена постапка што ќе ја води јавниот обвинител“, вели Трпеновски.

И аналитичарот Алајдин Демири смета дека работата на новиот специјален обвинител треба да биде надвор од, како што вели, актуелниот систем.

„Тој треба да настапува како „вонредна состојба“. Тоа е нешто слично на меѓународниот суд во Косово кој треба да се формира. Ако не се сфати на овој начин, јавниот обвинител не може да функционира. Тој во суштина треба да има неограничени права со некој посебен закон за да ги процесуира предметите што се најавени од Заев и од други извори“, вели Демири.

Упатените предупредуваат дека специјалниот обвинител, кој според договорите од Пржино треба да биде назначен до 15 септември, може да наиде на пречки во понатамошното работење на судовите со оглед на, како што велат, состојбата во која се наоѓа судството. Затоа се сугерира формирање и на посебно одделение во рамките на Кривичниот суд кој би работел на исти принципи како и независниот јавен обвинител.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG