Достапни линкови

Давутоглу ги повика партиите да формираат преодна влада


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска упати последен повик до политичките партии во Турција да постигнат спогодба за преодна влада, која ќе треба земјата да ја подготви за избори. „Подготвен сум да седнам и да разговарам во секое време се додека не се пронајде решение во Парламентот. Веројатност за склучување коалиција повеќе не постои, така што наместо да се обвинуваме меѓусебно треба да формираме влада, рече Давутоглу на прес-конференција во Анкара. Повикот беше упатен три дена пред крајниот рок, 23 август, по кој претседателот Реџеп Таип Ердоган може да свика предвремени избори.

XS
SM
MD
LG