Достапни линкови

Убиени 43 милитанти во Пакистан


Армијата на Пакистан соопшти дека се убиени 43 милитанти при воздушните напади во северозападниот племенски регион, во близина на граница на границата со Авганистан. Армијата информираше дека милитантите биле убиени денеска во две села во племенскиот регион Северен Вазиристан. Не се дадени детали за идентитетот или националноста на убиените милитанти. Пакистанската армија од јуни 2014 година спроведува голема воена опоерација во Северен Вазиристан за елиминирање на локалните и странските милитанти.

XS
SM
MD
LG