Достапни линкови

Иванов ќе нареди ангажирање на АРМ на јужната и на северната граница


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе донесе наредба за ангажирање на АРМ на јужната и северната гранична линија и долж Коридорот 10, во најкраток можен рок, согласно предвидените процедури во Законот за управување со кризи и по прогласувањето на кризен регион, соопшти претседателскиот кабинет. Наредбата на претседателот Иванов следува по неговата посета на јужната гранична линија на Република Македонија во јули, кога тој најави ангажирање на војската како помош на полицијата во справувањето со мигрантскиот бран и откако Владата прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница.

XS
SM
MD
LG