Достапни линкови

Подготовки на изложбата од четирите колонии во Прилеп


Годинава, во Првата ликовна колонија на Балканот која одбележува 58-годишно постоење, твореа уметници од САД, Белорусија, Украина, Србија и Грција, освен бројните сликари и скулптори од Македонија.

Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп во моментов работи на подготовки на делата од четирите колонии, за претстојната изложба пред љубителите на уметноста. Годинава, во Првата ликовна колонија на Балканот која одбележува 58-годишно постоење, твореа уметници од САД, Белорусија, Украина, Србија и Грција, освен бројните сликари и скулптори од Македонија. Меѓу нив е и Александар Џинго, прилепчанец којшто живее и работи во Скопје.

На некој начин тука се образував во овој простор, сега нели модернизиран, така на некој начин, ова ми идеше како летна пракса, која ја следев скоро 8 години континуирано. За мене искуството тука не може да разграничи еден период, зашто овде сум доживеал еден процес за себе, личен, кој се вклопил во оваа колонија.
Александар Џинго, уметник.

„На некој начин тука се образував во овој простор, сега нели модернизиран, така на некој начин, ова ми идеше како летна пракса, која ја следев скоро 8 години континуирано. За мене искуството тука не може да разграничи еден период, зашто овде сум доживеал еден процес за себе, личен, кој се вклопил во оваа колонија“, изјави уметникот Џинго.

Њујорчанката Моли Раш, пак, работеше во многу интересна техника. Поштенските марки од Македонија, се нејзин лајт мотив и инспирација за создавање ликовно дело. Таа замина со многу убави впечатоци од учеството во колонијата.

Ми се допаѓа Прилеп, поради каменот, земјата и луѓето, ми се допаѓа тоа што можам да се запознаам со многу други уметници од светот, да видам што работат и да размениме искуства. Многу сум восхитен зашто овде во Прилеп, во оваа колонија, која е два пати постара од мене, а видов дела на уметници од Грција, коишто што се и трипати повозрасни од мене.
Ефстратиос Палас, скулптор од Солун.

„Многу беше убаво досега, сите се пријателски настроени. Јас сликам со поштенски марки, ги ставам во средината и потоа сликам околу нив, сите слики се малечки, но сите започнуваат со поштенски марки, кои што се од Република Македонија и морам да признаам, дека овие марки се навистина многу убави“, изјави Раш, пред враќањето во САД.

Скулпторот Ефстратиос Палас од Солун беше изненаден што видел дела на уметници од Грција, кои одамна твореле во оваа ликовна колонија.

„Ми се допаѓа Прилеп, поради каменот, земјата и луѓето, ми се допаѓа тоа што можам да се запознаам со многу други уметници од светот, да видам што работат и да размениме искуства. Многу сум восхитен зашто овде во Прилеп, во оваа колонија, која е два пати постара од мене, а видов дела на уметници од Грција, коишто што се и трипати повозрасни од мене, мислев дека ќе дојдам во сиромашна земја без искуство, а овде најдов толку многу уметност, толку љубов за уметноста во ова мало гратче“, рече Палас, довршувајќи ја скулптурата девојче со птица во рацете, изработена од бел, надалеку прочуен прилепски мермер.

Делата на уметниците од годинашната работа ќе бидат промовирани и на интернет. Љубителите на уметноста ќе може и да ги купуваат по електронски пат, запознавајќи се со творештвото на уметниците и перформансите на колонијата.

„Имаше некоја тивка пауза, поради финансиски проблеми, но веќе од оваа година, главната база на финансирање е од самофинансирање на Центарот за современа ликовна уметност. Поразлично е можеби тоа што по долга пауза повторно почнува Интернационалното студио за уметничка фотографија, која се надеваме дека ќе стане куриозитет за оваа година“, вели Огнен Јанески од Центарот за современа ликовна уметност.

Плановите на Центарот се бројни, целта е една, промоција на македонската култура и уметност ширум светот. Овде во колонијата досега работеа преку 1.500 уметници и скулптори во мермер, метал и дрво и создадоа богата ризница во која има повеќе од 1.000 уметнички дела.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG