Достапни линкови

Судот наложи одмрзнување на сметките на Макпетрол и ОИЛКО


Основниот суд Скопје 1 на својата веб страница соопшти дека Кривичниот совет на судот денеска донел решение со кое ги одмрзнал и деблокирал сметките на Макпетрол и ОИЛКО. Судот наложил финасиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на Макпетрол и ОИЛКО. Судот информира дека одлуката е донесена имајќи го предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапкатат, а биле доставени и докази кои укажувале дека ќе настанат штетни последици доколку останат и натаму замрзнати банкарските сметки.

XS
SM
MD
LG