Достапни линкови

Преродба на туризмот во Струга


Добра туристичка сезона изминува во Струга. Туристите се задоволни од она што Струга го нуди како туристички град, но имаат и забелешки, пред сè за хигиената.

Туризмот во Струга оваа година доживува преродба, смета првиот човек на градот, градоначалникот Зијадин Села. Според него, и покрај тоа што биле сами во сите активности што ги преземале во таа насока се задоволни од постигнатото. Вели дека една од причините за добрата сезона биле и неколкуте инфраструктурни зафати кои ги направиле.

Оживеа пак туризмот во Струга. Ние сме сами во целата оваа работа со оние малку работи кои ги направивме во инфраструктурата. Со културните манифестации кои ги имаме, со привлекување на инвеститори, зборувам за хотели.

„Оживеа пак туризмот во Струга. Ние сме сами во целата оваа работа со оние малку работи кои ги направивме во инфраструктурата. Со културните манифестации кои ги имаме, со привлекување на инвеститори, зборувам за хотели. Првиот хотел со пет ѕвезди се наоѓа во Струга и никаде на друго место. Иако политичката и безбедносната ситуација знаеме која е, тоа не ги спречи туристите кои доаѓаат во Струга и кои се наши редовни посетители пак да бидат присутни и затоа ние можеме да се пофалиме со оваа сезона“, рече Села.

Струга доби ново и модерно шеталиште од источната страна на кејот на реката Црни Дрим, целиот потег во центарот на градот е претворен во пешачка зона, а како што велат градските власти и хортикултурно го средиле градот. Села вели дека успеале да ја подобрат сликата со сообраќајниот хаос во Струга.

Ние живееме во странство. Ни се допаѓа овде, времето е убаво. Треба малку почисто да биде.

Туристите се задоволни од она што Струга го нуди како туристички град, но имаат и забелешки.

„Ние живееме во странство. Ни се допаѓа овде, времето е убаво. Треба малку почисто да биде“, вели турист.

„Многу е убаво овде, но мислам дека треба да има малку повеќе ред и да е почисто“, вели еден турист.

Кузедин Фареди, локален бизнисмен, вели дека и покрај проблемите, Струга ова лето била солидно исполнета.

„Времето само да задржи топло и ќе биде супер. И гурбетчиите се овде, но има и гости од Холандија. Има и од Албанија, Косово, Бугарија и Турција. За некои работи Струга е поевтина, па дури и луѓе од Охрид доаѓаат во Струга за храна и други намирници“, вели Фаредин.

XS
SM
MD
LG