Достапни линкови

Милитантите на ИД презедоа одговорност за нападот во Каиро


Милитантите на групата на Исламската држава ја презедеоа одговорноста за автомобилот бомба што денеска експлодираше во близина на зградата за национална безбедност во Каиро, при што беа повредени шест полицајци. Нападот доаѓа неколку дена откако претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси го наметна новиот анти-терористички закон за борба против локалниот огранок на ИД. Експлозијата го урна ѕидот на владината зграда, оставајќи длабоки дупки преку кои се гледаа канцелариите. Египетските власти рекоа дека напаѓачот ја паркирал колата пред зградата на службите за безбедност и заминал со чеовек на моторцикл.

XS
SM
MD
LG