Достапни линкови

Можни предвремени парламентарни избори во Грција


Грчките медиуми пишуваат дека можни се нови парламентарни избори во земјата. Весникот „Етнос“пишува дека грчкиот премиер Алекис Ципрас подготвува експресни парламентарни избори, кои може да се одржат на 13 или на 20 септември. Земјата оди кон нови избори, бидејќи се чини дека одлуката за нив веќе е донесена. Електронското издание „иЕфимерида“ пишува дека денеска е „денот Д“ за важната одлука да се свикааат предвремени избори, најверојатно на 20 септември. Во текстот се тврди дека „коцката е фрлена“ и оти е можно Ципрас уште денеска на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос да му ја предаде оставката на неговиот кабинет и да свика избори во септември. Не е исклучено и обраѓање на Ципрас кон нацијата во кое ќе ја објасни својата одлука. Според „Етнос“, одлуката за предвремени избори е донесена по советување на кое станало јасно дека фракцијата Лева платформа нема да поддржи гласање за доверба на Владата, доколку премиерот го предложи тоа. Наводно, токму овој факт му бил основа на Ципрас да ја забрза изборната постапка.

XS
SM
MD
LG