Достапни линкови

Завршен случајот против новинарката Исмаилова


Обвинителитре во Азербејџан денеска го завршија случајот против истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова, во судењето во Баку кое беше затворено за јавноста. По заклучувањето на нивниот случај против 39-годишната Исмаилова, обвинителите побараа од судот дополнителен ден за да ги презентираат барањата за казната. Исмаилова која е дописничка за Радио Слободна Европа и којa интензивно известуваше за корумпирани функционери во Азербејџан, се соочува со обвиненија за проневера на пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба. Ако биде осудена, може да се соочи со 17 години затворска казна. Исмаилова ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани, како одмазда за нејзиното истражувачко новинарство. Нејзиното апсење предизвика остра осуда од страна на групите за човекови права и западните влади.

XS
SM
MD
LG